Денеска во Стопанската комора на С.Македонија ќе биде официјално промовиран Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамки на проектот „МКД НАТО 2030“ во функција на македонската економија“

Поткомитетот “НАТО и бизнис заедницата“ ќе делува во насока на информирање и помагање на македонските компании заинтересирани за соработка со НАТО.

Членството на Северна Македонија во НATO Алијансата носи низа дополнителни придобивки и можности за македонската економија со што компаниите добиваат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите членки.

На настанот во име на претседателот на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата„
г-дин Бранко Азески ќе се обрати потпретседателот на Стопанската комора на
Република Северна Македонија г-дин Зоран Јовановски, министерката за одбрана, гѓа Славјанка Петровска и г-дин проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на Комитетот “МКД НАТО 2030“.

Во наредниот период Министерството за одбрана преку овој Поткомитет
заедно со коморите во земјата и Центарот за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата ќе понуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја компанија која ќе пројави интерес.
Меѓу другото ќе се промовира и детално ќе се запознаат со постапката за упис во евиденцијата на економски оператори, кои може да се да се регистрираат за учество на јавни набавки на НАТО и земјите членки.