Статистичките податоци покажуваат дека преработките од овошје и зеленчук во вредност имале најголем раст на извозот.
Во првите пет месеци годинава македонските компании од прехранбената индустрија извезле преработките од овошје и зеленчук во вредност од 23,2 милиони евра. Тоа е за 17,7% или за 3,5 милиони евра повеќе во споредба соистиот период минатата година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Најголемиот дел од извозот на преработките на зеленчук и овошје отпаѓа на привремено конзервираните производи, како компоти од овошје, зеленчук конзервиран во оцетна киселина и разни зимници, замрзнат зеленчук и овошје, џемови и мармалади.
Во текот на целата измината 2019 година извозот на преработки од овошје и зеленчук надмина 53 милиони евра.
Токму овие производи со подолг рок на трајност имаат зголемена побарувачка во периодот откога почна кризата со Ковид 19.
Пандемијата ја зголеми побарувачката за конзервиран зеленчук и овошје. Кои се најбрзорастечките пазари?
Во првите пет месеци годинава македонските компании од прехранбената индустрија извезле производи во вредност од 135 милиони евра, што е пад од 8,5% или за 12 милиони евра во споредба со истиот период лани,
Увозот, пак, на храна продолжува да расте и во периодот јануари-мај надмина 282 милиони евра и е за 4,4% поголем во споредба со истиот период лани. Со тоа, дефицитот во трговијата со храна светот во првите пет месеци се зголеми на 147 милиони евра, што е за 20% или за 24,5 милиони евра повеќе во истиот период