Во 2021 година, Перу се позиционираше како водечки светски извозник на свежо грозје, кое е главен производ на националната агро-извозна кошница, соопшти Министерството за надворешна трговија и туризам на Перу.

Перуанскиот извоз на грозје во 2021 година достигнал 1,26 милијарди американски долари, што е зголемување за 22% во однос на извозот од претходната 2020 година.

Со тоа Перу го надмина Чиле, кој лани имал извоз од 928 милиони долари и стана главен снабдувач на грозје во светот. На третата и четвртата позиција на листата најголеми извозницици на грозје се наоѓаат САД со 782 милиони долари и Кина со извоз на грозје вреден 757 милиони долари.

„Постигнувањата во извозот во 2021 година се јасен пример за издржливоста на извозниците и потенцијалот за раст на нашите производи. Од Министерството ќе продолжиме да ги промовираме нивните пратки преку зајакнување на капацитетите, комерцијална промоција и пристап до нови пазари “, истакна шефот на секторот, Роберто Санчез.

Грозјето од Перу лани се извезувалио на 46 пазари, а најголеми извозни пазари виле САД (514 милиони долари, раст од 10%), Европската Унија (239 милиони долари, раст од 31%), Хонг Конг (128 милиони долари раст од 34%) , Обединетото Кралство (68 милиони долари, раст од 26%), Мексико (54 милиони долари, раст од 40%), Кина (44 милион долари, раст од 22%) и Јужна Кореја (43 милиони долари, раст од 119 %).

Во текот на 2021 година грозје од Перу извезувале 149 компании, а 38% од нив биле микро, мали и средни претпријатија.