Продажбата на автомобили во Европа ги покажа првите знаци на закрепнување во мај, откако изложбените салони повторно беа отворени по двомесечното затворање порадеи пандемијата на коронавирус, покажуваат податоците на индустриската асоцијација АЦЕА.
Регистрациите на патнички возила во Европската унија и Велика Британија паднаа за 57 % во мај. Тое е се уште голем пад, но е подобро од падот од 78% во април.
Потенцијалното закрепнување е сè уште нејасно додека производителите на автомобили не ги објават резултати за тоа што најверојатно ќе биде многу лош втор квартал.
Индустријата се надева дека потрошувачката ќе се подобри летово.
Друг позитивен сигнал доаѓа од Кина, каде продажбата на автомобили се зголеми за прв пат за скоро една година минатиот месец.
Кина стана фокус за европските производители на автомобили, кои се надеваат дека подобриот бизнис таму ќе им ги комензира намалените регистрации дома.
Приогнозите се дека регистрациите на нови возила ќе продолжат да се намалуваат, а падот за 2020 година се очекува да изнесува околу 25%.