Во насока на заштита на економијата поради работа во посебни услови како резултат на состојбата со коронавирусот, а од друга страна како исклучително значајно во овие услови заштита на здравјето на работниците, донесени се препораки за однесување на вработените во производните капацитети кои произведуваат непрехрамбени производи
Во прилог ги пренесуваме во целост:
На фирмите кои вршат дејност производство на непрехрамбени производи, им се препорачува производниот процес да се орграниза на следниот начин:
- Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м,
- Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини,
- За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекзија со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол),
- Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација),
- Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории особено во погоните од овластена служба за тоа,
- Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.
- Да се избегнува контакт на вработените лица од погините меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници
- Во случај на потреба од администартивна работа: потпишувањето на хартиение докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици),
- Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема
10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема
11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил