Потрошувачите сè повеќе се свртуваат кон производите со приватни марки, додека нивните акции продолжуваат да растат низ Европа, покажува истражувањето на NielsenIQ.
Од 17 земји анкетирани од NielsenIQ, девет имале раст на пазарот на приватни мартки. Европските пазари остануваат едни од најголемите пазари на приватни марки во светот, 10 пазари имаат позиција на удел на приватни марки над 30%, а 5 пазари се над 40% од уделот .
Земјите од Јужна Европа се најбрзо растечки во Европа, при што Шпанија го презема водството (+1,2%), Чешка е на второ место (+0,5%) и Португалија на трето место (0,4%). Швајцарија останува на чело во уделите на европските приватни марки со импресивни 52%, што ја прави единствената земја анкетирана со удел над 50%.
Доминантните европски пазари, Германија и Обединетото Кралство, исто така покажуваат раст на уделите на приватните етикети во споредба со минатата година, со најголем раст кај амбиенталната храна и алкохолните пијалоци.
Португалија и Шпанија имаат заеднички раст од +1,1%, со најголем раст на уделот кај замрзнатата храна (+2%). Во северните земји, како Белгија и Холандија, приватните марки имаат мал пад(-0,3%). Сепак, категориите како здравствена заштита, амбиентална храна, слатки и грицки и алкохолни пијалоци растат и во двете земји.
Источна Европа, исто така, покажува раст од +0,3%, при што категориите како домашна нега, лесно расиплива храна и амбиентална храна стануваат сè попопуларни.
Сепак, низ скандинавските земји се забележува многу мал пад од -0,04% кај уделите на приватните етикети во категориите како хартиени производи и алкохолни пијалоци. Други категории како здравствена заштита растат.
Најважните категории кај приватните етикети според NielsenIQ се: амбиентална храна, кондиторски производи и грицки и лесно расиплива храна со просечен вредносен удел од 46,8%, што претставува импресивен вкупен износ од 221 милијарда евра во 17-те анкетирани европски земји, со вкупен раст од 9,5 милијарди евра.