Стопанска комора: Измените на економските мерки се добри за бизнисот, но остануваат отворени важни прашања за идниот период

Стопанската комора ги оценува како добри најновите измени н што Владата ги направи кај економските мерки бидејќи тие носат можности за приватниот сектор за да може полесно да се справи со последиците од економската криза.
според Комората, добро е што се предвидува вбризгување на значителен износ на свежи пари во економијата, се отвораат можности за комбинирање на различни мерки заради поголема помош на фирмите, се отвораат можности за претворање на помошта во неповратни средства, итн.
Во услови кога

Од Комората велат во услови кога има значителни реакции во однос на флексибилноста околу тоа колку вработени треба фирмите да задржат на работа за да ги користат мерките, треба сите да разберат дека никој во приватниот сектор не сака да отпушта вработени. Особено ако се знае дека фирмите инвестираат во вработените значителни средства за да ги преквалификуваат и обучат соодветно за да можат да ги вклучат во процесот на производство, а до пред неколку месеци фирмите се жалеа дека тешко можат да најдат работници.

Притоа, велат од Комората, не смее никој да ја игнорира реалноста, односо дека македонската економија не може да остане недопрена во услови кога целата светската економија е разнишана.

“Во САД дури 30 милиони луѓе останаа без работа за само шест недели. Светската организација на трудот проценува дека 12 милиони луѓе во Европа ќе останат без работа во текот на 2020 година и тоа зборуваме само за вработени со полно работно време. Во март продажбата на автомобили во Европа е намалена за 52%, тоа е најголемиот месечен пад во историјата, во април падот е уште поголем. Во вакви околности, во ваква драматична глобална криза, да се очекува дека македонската економија ќе си помине како ништо да не било, е нереално. Па сепак, ние не видовме досега вакви лоши движења на пазарот на работна сила во земјава. Досега, приватниот сектор, во рамките на своите можности, го апсорбираше ударот од кризата”, велат од Стопанската комора на Македонија.

Тие потенцираат дека и понатаму останува отворено прашањето за помошта кон големите компании, оние што можат најсилно и најбрзо да ја повлечат македонската економија кога животот донекаде ќе се нормализира.
Да не заборавиме, компании гиганти како што се „Форд“, „Боинг“, „Ербас“, „Луфтханса“ бараат помош од државата. Нема решенија што се добри за сите, треба да се оди и со диференцирани решенија за различни видови компании.

Постојнава економска криза, велат од Комората многу добро покажува зошто е исклучително важно во една земја да има функционален разговор и договор помеѓу социјалните партнери, Владата, синдикатите и работодавачите.
“Уште на 20 март, Стопанската комора на Македонија посочи дека сите ќе бидат погодени од кризата, повеќе или помалку, порано или подоцна, посочи дека државата треба на краток рок да го спасува приватниот сектор, а потоа приватниот сектор да ја спасува државата и посочи дека товарот од кризата треба сите подеднакво да го понесеме. Еве сме сега, 40 дена подоцна, целиот товар од кризата е паднат само на грбот на приватниот сектор и тоа е факт. Затоа е важно да се обнови економско-социјалниот дијалог во земјата и тоа на највисоко ниво, каде што Владата ќе ја претставува премиерот, а ќе бидат вклучени синдикатите и претставници на работодавачите. Само така може да се дизајнираат добри и долгорочно одржливи решенија што ќе обезбедат подобра економска иднина на земјата”, сметаат во Комората.

Оваа криза, според Комората, е одлична можност, сите заедно, да отвориме суштински важни теми, не само за економијата, туку и за други аспекти на македонското општество.
Прашањето не е сако како ќе ја пребродиме кризата, туку и што ќе правиме после неа?

Стопанска комора