Според последните статистички податоци направени во врска со трговската размена на Германија и 29-те земји од источна Европа, Северна Македонија се наоѓа на 14-тата позиција, информираат од Делегацијата на германското стопанство.
„Трговската размена во 2019 година помеѓу Германија и Северна Македонија изнесуваше 4,4 милјарди евра што претставува 10,8% зголемување на извозот кон Германија во спорeдба со 2018 и 4,2 % зголемување на увозот од Германија кон Северна Македонија“, вели Мартенс.
Тој додаде дека Виенскиот институт за меѓународни студии и истражувања во стопанството за 2020 година прогнозира стопански раст во висина од 3,4% за Северна Македонија.
Од Делегацијата потенцираат дека актуелната публикаија на ОЕЦД, http://www.oecd.org/south-east-europe, покажува дека Западен Балкан направи прогрес од основно индустриско производство кон производство на средни технологии, што придонесува за зголемување на инвестициите.
“Следниот чекор мора да се движи во насока на високо-технолошко индустриско производство”, велат од Делегацијата на германското стопанство од каде потенцираат дека зголемената трговска размена значи и поголем интерс за нашите услуги.