Во текот на изминатата година, цената на шеќерот е значително зголемена, а берзанскиот курс во септември достигна 12-годишен максимум, што е последица на зголемувањето на светската побарувачка и неповолните временски услови за производство на шеќер.
Зголемувањето на глобалната побарувачка и лошите временските услови во главните региони за производство на шеќер влијаат цената на шеќерот да расте.
Индија, вториот по големина производител на шеќер во светот, се подготвува за ограничувања на извозот поради лошиот род, додека Бразил, најголемиот светски производител на шеќер, имаше добар род. Индија ја доживеа најлошата сезона на монсуните во последните пет години, а другите азиски земји производители како Тајланд, Кина и Пакистан исто така имаа послаби посеви во споредба со претходната сезона. Состојбата ја влошува и тоа што жетвата на шеќерна репка во Европа беше ниска и поради намалената засеана површина и летната суша.
Меѓународните вести веќе укажуваат дека Индија може да воведе ограничувања за извозот на шеќер поради лошиот род на оваа земјоделска култура. Доколку тоа се случи, дополнително ќе се намали понудата на шеќер на пазарот, што може да предизвика дополнително зголемување на цените.
Цените на шеќерот веќе пораснаа за 35% оваа година и во моментов се на највисоко ниво во последните 12 години. На подолготрајниот развој на цената на шеќерот влијае растот на населението, растот на приходите, промените во цената на шеќерот и алтернативните засладувачи и трендовите кон здрав начин на живот.
Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, глобалната потрошувачка на шеќер може да се зголеми во просек за 1,1% годишно во следните десет години, првенствено поради растот на населението и растот на приходите.