Кинеските власти ја затворија метрополата Ченгду, 21 милионски град, за да спречи шширење на вирусот Ковид 19 во согласност со нулта Ковид стратегијата.
Главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду е најголемиот град што е затворен од двомесечното затворање на Шангај на почетокот на оваа година. Потегот – кој ќе ги наруши животите на милиони луѓе и бизниси, со реперкусии за кинеската економија и пошироко – ја покажува строгата посветеноста на земјата кон нулта Ковид стратегијата.
Заклучувањето на Ченгду во четвртокот дојде откако беа пријавени 157 нови случаи. Градот, кој сочинува околу 1,7% од бруто домашниот производ на Кина, е дом на бројни технолошки компании и производители на автомобили, меѓу кои Foxconn Technology Group, најголемиот светски склопувач на iPhone-и на Apple Inc., Volvo Car AB и други.
Целиот град ќе биде подложен на четиридневно масовно тестирање почнувајќи од четврток навечер. Обемот на економската дислокација зависи од времетраењето на заклучувањето, кое градските власти сè уште не го открија.
И покрај тоа што активностите како што се купувањето и јадењето надвор ќе бидат веднаш погодени, последиците може да бидат сериозни за производниот сектор во регионот ако синџирите на снабдување се прекинат на подолг период, исцрпувајќи ги залихите на фабриките што ќе го погоди производството.
Извор: Bloomberg