izvoz na vino

Во периодот од јануари до август годинава, од Македонија биле извезени 280 илјади хектолитри вино во вредност од 40 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според податоците, вредноста на извозот бележи раст од 7% во споредба со истиот период минатата година, додека извезените количини се зголемени за само 2%. Ова укажува дека поголемиот дел од растот се должи на повисоките цени на македонското вино на странските пазари.

Македонското вино најмногу се продава во регионот

Најголем изозен пазар за македонското вино во осумте месеци годинава била Србија каде биле извезени 10 илјади хектолитри во вредност од 18 милиони евра. Следат Хрватска со извоз на вино во вредност од 6,7 милиони евра, Босна и Херцеговија со извоз од 4,4 милони евра, Германија 3,3 милиони евра, Словенија 1,5 милиони евра и Косово и Црна Гора со извоз вреден по 1,3 милиони евра.

За споредба, во текот на целата 2024 година, Македонија извезе 40 илјади хектолитри вино во вредност од 58 милиони евра.