Приватните марки се издвојуваат како тренд на структурен раст во европската малопродажба, докажувајќи се како најдинамичниот и најбрзорастечкиот сегмент на пазарот.
Според податоците на Circana, на шесте главни континентални пазари (Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Обединетото Кралство), приватните макри учествуваат со 40% во продажбата на производи за широка потрошувачка по вредност, што претставува 48% по продадени единици и вкупни приходи од 291 милијарда евра заклучно со август 2025 година.
Податоците од овие шест европски земји откриваат зрел пазар кој продолжува да расте, зголемувајќи се за 3,8% во вредност во споредба со претходната година и добивајќи 0,4 процентни поени од пазарниот удел.
Овој учинок потврдува дека приватните марки еволуирале од „буџетска опција“ во лабораторија за иновации, одржливост и диференцијација на квалитетот.
„Трговците на мало ја трансформираа улогата на приватните марки во зрели стратешки средства што ја поттикнуваат вредноста и продажбата и наметнуваат поголема лојалност кај купувачите низ цела Европа“, коментираше Ананда Рој, виш потпретседател, Thought Leadership Europe во Circana.
Сличен тренд може да се забележи во Азиско-пацифичкиот регион, додека САД заостанува зад другите региони.
Холандија и Шпанија продолжија да водат, додека Италија покажа најсилен моментум на раст.
На европската ранг-листа води Холандија (55% удел) и Шпанија (51%), по што следуваат Германија (42%), Обединетото Кралство (37%), Франција (36%) и Италија (30%).
Извор: ESMMagazine
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Приватните марки низ Европа: Пазарот продолжува да расте
Ќе продолжи да расте побарувачката за храна и пијалоци од приватни марки
Повеќе од две третини од европските потрошували редовно купуваат намирници од приватни марки

























