Македонската бизнис-сцена предолго се потпираше на интуиција и „ладни повици“ кои, рака на срце, почесто значеа губење време отколку сериозна продажна стратегија. Додека регионалниот пазар забрзано се развива, реномираната бонитетна куќа CompanyWall Business во Северна Македонија направи потег што јасно ја повлекува границата меѓу оние што се надеваат на профит и оние што го остваруваат со математичка прецизност. Нивната револуционерна Маркетинг база не е само уште еден список на контакти, туку напреден навигациски систем што ги насочува продажните тимови директно кон компаниите со реален капацитет за плаќање.

Хируршка прецизност во океанот од податоци
Во океанот од 198.000 активни компании, обидот да се допре до секој е деловно харакири. Модерните менаџери повеќе не бараат било каков клиент, туку оној со чисти сметки и инвестиционен потенцијал. Со арсенал од 75.000 верификувани e-mail адреси, 88.000 директни телефонски броеви и база од 8.000 активни веб-страници, оваа платформа ја дигитализира целата македонска економија.
Но, клучната предност е што на секој контакт му е додаден неговиот финансиски „крвоток“. Тоа значи дека продажбата сега „ги гледа“ билансите пред да ја подигне слушалката
Податоците кои го завршуваат тешкиот дел од работата
Токму на оваа точка на пресек на податоци и профит, CompanyWall Business испраќа јасна порака која ја менува филозофијата на работење на Балканот.
Од компанијата посочуваат дека нивното децениско искуство, изградено уште од 2013 година, конечно е преточено во алатка која ги елиминира претпоставките.
„Го отфрливме застареното B2B работење и бескрајното барање валидни контакти, бидејќи модерниот пазар нема време за промашувања. Македонските претприемачи сега добиваат дигитална муниција која гарантира резултат. Нашата цел беше да создадеме систем во кој податоците го завршуваат тешкиот дел од анализата, оставајќи им на продажните тимови чист простор да се фокусираат на она во што се најдобри – склучување договори“, истакнуваат од оваа бонитетна куќа.

Кога стратегијата ја надвладува статистиката
Ефектот од оваа „дигитална муниција“ најдобро го илустрираат оние кои престанале да гаѓаат со затворени очи.
Дистрибутер на тешка градежна механизација целосно го смени својот пристап: наместо да ги контактираат сите градежни фирми, од Маркетинг базата ги извлекоа само оние кои во последните две години оствариле раст на вкупната актива поголем од 20% и кои не биле во блокада ниеден ден. Резултатот беше шокантен – секој трет состанок завршуваше со понуда, затоа што разговараа со компании кои се во експанзија и имаат вистински пари за нова механизација.
Слично на тоа, софтверска компанија од Скопје ја насочи продажбата кон прехранбениот производен сектор. Користејќи филтри за нето добивка и број на вработени, изолираа компании на кои дигитализацијата на процесите им е неопходна за да го одржат растот. Со прецизно таргетирани е-маил кампањи до носители на одлуки, остварија раст на нови договори од 35% по квартал. Дури и транспортните компании го сведеа ризикот на нула, филтрирајќи исклучиво увозници со А1 бонитетна оценка, со што обезбедија наплата уште пред камионот да тргне на пат.

Бизнисот не е судбина, туку математика
На македонскиот пазар, каде конкуренцијата никогаш не спие, разликата помеѓу лидерот и просечниот играч е во брзината со која се носат паметни одлуки. Маркетинг базата на CompanyWall не е само алатка за продажба – тоа е вашата влезница во свет каде секој повик има смисла, а секој e-мaил ја погодува целта.
Додека другите сè уште трошаат часови на празни телефонски разговори, надевајќи се на случаен успех, вие веќе го имате деталниот профил на вашиот идеален клиент, неговата финансиска слика и директна линија до неговата канцеларија.
Во светот на современиот бизнис, среќата е убаво нешто, но податоците се тие што ги плаќаат сметките. Ерата на импровизација е завршена. Маркетинг базата обезбедува вашата понуда никогаш повеќе да не заврши во погрешни раце. Оној што ја презема контролата над податоците, ја превзема контролата над пазарот – на останатите им останува само да гледаат како правилата на играта се менуваат засекогаш.
Создадете Маркетинг база прилагодена на потребите на вашиот бизнис и за само неколку минути активирајте можности на кои чекате со години.
CompanyWall Business
Адреса: Кеј Димитар Влахов бр.3/3 – Скопје
Телефон: +389 75 387 170
Е-пошта: info@companywall.com.mk
ПР објава






















