Индустријата, како еден од главните двигатели на извозот и вработеноста, се соочува со намалено производство и намалување на бројот на работници.
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7,3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 %. Единствено во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има зголемен бројх на работници во мај годинава за 1 % во споредба со мај 2025 година.
Во периодот јануари – мај 2026 бројот на работниците бил помал за 3% во однос на периодот јануари – мај 2025 година.
Во рамки на преработувачката индустрија, намалување на бројот на работници во мај имало во 16 од вкупно 23 гранки и тоа најголем во:
-производство на облека -11,9%
-производство на кожа и слични производи од кожа -7,5%
-производство на електрична опрема -2,8%
-производство на моторни возила,
приколки и полуприколки -2,5%
– производство на текстил -2,3%
-производство на хемикалии и хемиски
производи -2,3%
-производство на фабрикувани метални
производи -2,2%
-производство на машини и уреди -1,8%
Зголемување на бројот на работници, пак, во мај имало во пет гранки, а најголем во :
-производство на тутунски производи +16,9%
-производство на компјутерски, електронски и оптички производи +13,4%
-производство на пијалаци +3,5%
Од почетокот на годината бројот на работници бележи континуиран пад во споредба со соодветните месеци од минатата година.
Како што пишуваше ИзвозМК, индустриското производство во мај бележи пад од 2%, додека во преработувачката индустрија падот е 2,6%.
Континуираното намалување на бројот на работници, заедно со падот на индустриското производство, укажува дека македонската индустрија се соочува со сериозни предизвици.
Без закрепнување на европската автомобилска индустрија и поголема конкурентност на домашните компании, притисокот врз индустриското производство и пазарот на труд би можел дополнително да се продлабочи.

























