На листата 100 најголеми компании во Југоисточна Европа која неодамна ја објави Seenews се најде само една компанија од Македонија. Тоа е подружницата на британската Џонсон Мети која во зоната Бунарџик произведува катализатори и опрема за прочистување на издувни гасови за автомобилската индустрија.

Џонсон Мети Македонија е 19-та најголема компанија во Југоисточна Европа со приходи од 1,74 милијарди евра. Според профитот остварен минатата година во износ од 68м4 милиони евра, Џонсон Мети е исто така рангиран на 19 место меѓу 100-те најптофитабилни компании во регионот.

Производителот на автомобили „Дачија“ од Романија останува на првото место со приходи од 3,8 милијарди евра, иако компанијата лани имала пад на приходите од 25,5%.

Извор: SeeNews

Рангирањето ТОП 100 во Југоисточна Европа за 2020 година покажува благ пад на приходите на најголемите компании.

“Нафтената и автомобилската индустрија, кои традиционално се на врвот на листата, ги претрпеа последиците од кризата предизвикана од корона вирусот, додека трговците на мало објавија двоцифрен раст на приходите, што беше придонесено од растот на е-трговијата. И покрај глобалниот економски пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, вкупниот приход на 100 -те најголеми компании во Југоисточна Европа се намали за 7% во 2020 година, на 120 милијарди евра, соредено со 2019 година кога компаниите оствариле рекордни 129,3 милијарди евра”, се вели во соопштението на SeeNews.

За разлика од приходите на најголемите компании кои не забележаа толку голем пад, нивниот профит минатата година е намален за една четвртина, на 3,5 милијарди евра.