Генералниот директор на „Даути Комерц“, Џемаил Даути денеска оствари средба со ирачки бизнисмен, сопственик на компаниите „Гермале“ и „Старт Гроу“, кои се меѓу позначајните компании за продажба и дистрибуција на прехранбени производи на пазарите во Ирак и Шведска.
Посетата на ирачкиот бизнисмен е резултат на неговиот интерес за производите, капацитетите и можностите што ги нуди компанијата, како и за потенцијалот за воспоставување долгорочна и одржлива деловна соработка.
За време на средбата, претставниците на „Даути Комерц“ го презентираа производствениот асортиман, стандардите за квалитет и потенцијалот за проширување на присуството на меѓународните пазари, со посебен акцент на ирачкиот пазар.
Компаниите „Гермале“ и „Старт Гроу“ работат во неколку од најважните градови во Северен Ирак, меѓу кои Захо, Духок, Мосул, Ербил, Киркук и Сулејманија.
Нивната дистрибутивна мрежа опфаќа соработка со три синџири на супермаркети и повеќе од 1.200 продажни и дистрибутивни места, што претставува значителен потенцијал за пласман и проширување на присуството на производите на компанијата на овој пазар.
Средбата беше оценета како важен чекор кон проширување на економската соработка и зајакнување на присуството на производи на меѓународните пазари.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Даути: Време е земјите од Западен Балкан да го третираат регионот како заеднички и единствен пазар
“Даути Комерц” доби лиценца за извоз на производи од животинско потекло во ЕУ
























