ММФ ја зголеми проекцијата за раст на БДП на Северна Македонија за 2025 година на 3,4%. За следната година се прогнозира економски раст од 3,2%.
Инфлацијата за 2025 година за Македонија се прогнозира на 3,9%, додека прогнозите за следната 2026 година се инфлација од 3%.
Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека глобалната економија покажува знаци на затегнувања од американските царини и протекционизмот – иако досега се одржа подобро од очекуваното.
Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), глобалната економија влегува во период на умерен, но ранлив раст, под влијание на геополитички тензии и намалена глобална трговија.
Светската економија забавува
Во 2025 година светскиот БДП се очекува да порасне за 3,2%, а во 2026 година растот ќе се забави на 3,1%.
САД ќе останат најдинамични меѓу развиените земји во светот со раст од 2% во 2025 година и 2,1% во 2026 година, поддржани од потрошувачката и јавните инвестиции.
Еврозоната, особено Германија и Италија, ќе се соочува со слаб извоз и ниска побарувачка. Најдинамичната економија меѓу европските развиени земји ќе биде Шпанија, чиј раст ќе изнесува 2,9% во 2025 година и се очекува да има раст од 2% во 2026 година.
Од земјите во регионот, ММФ прогнозира за Косово економски раст од 3,9% за 2025 година, Албанија 3,4%, Србија 2,5%