Светскиот најголем играч во контејнерскиот транспорт, MSC, ја објави испораката на првиот авион со брендот MSC, изграден од Boeing и управуван од Atlas Air. Товарниот Б777-200 ќе лета на линиите меѓу Кина, САД, Мексико и Европа.
„На нашите клиенти им треба опција за воздушни решенија, поради што го интегрираме овој начин на транспорт за да ги надополниме нашите обемни поморски и копнени товарни операции. Испораката на овој прв авион го означува почетокот на нашата долгорочна инвестиција во воздушниот карго“, вели Џени Дејвел, постар потпретседател на Air Cargo во MSC.
Според Дејвел, воздушниот товарен транспорт може да им овозможи на голем број компании да ги задоволат нивните логистички потреби.
“Летањето додава повеќе опции, брзина, флексибилност и доверливост на управувањето со синџирот на снабдување, а има и посебни придобивки за движење на лесно расипливи производи, како што се овошје и зеленчук, фармацевтски производи и други здравствени производи и добра со висока вредност“, смета Дејвел.
Овој авион е првиот од четирите B777-200F кои се поставени на долгорочна основа со MSC со поддршка на Atlas Air, подружница на Atlas Air Worldwide Holdings.
Извор: Container News