Народната банка објави дека во текот на изминатата 2025 година во македоската економија влегле странски инвестиции од 467,5 милиони евра, што е за 729 милиони евра помалку во споредба со инвестициите во 2024 година, што е годишен пад од 61%.
И покрај тоа што четвртиот квартал од 2025 година има подобри резултати од претходните три квартали, сепак 2025 година останува како лоша година со помалку привлечени странски инвестиции.

Од Народната банка информираат дека во текот на четвртиот квартал од 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-приливи од 269,9 милиони евра, како резултат на зголемените нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (167,6 милиони евра), сопственичкиот капитал (79,4 милиони евра) и реинвестирањето на добивка (22,9 милиони евра).
“Во 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјава изнесуваат 467,5 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестираната добивка (295,5 милиони евра) и сопственичкиот капитал (288,1 милион евра), при нето-одливи кај меѓукомпанискиот долг (за 116,1 милион евра)”, велат од Народната банка.
Премиерто Христијан Мицковски неодамна најави дека Македонија влегува во засилен економски развој со нов бран странски инвестиции.
“Во моментов во почетна фаза на реализација, или во фаза на потпишување договори за државна помош и слично се од прилика 17 проекти, во вкупна вредност од над 650 милиони евра кои што треба да обезбедат од прилика помеѓу 4500-5000 нови директни работни места и очекувам оваа година најголемиот дел од овие проекти да бидат отпочнати со производство, што, исто така, ќе додаде вредност во вкупниот бруто-домашен производ на државава а колку е тој поголем, толку повеќе ние ќе имаме пари за реализирање на ваков вид капитални инвестици – изјави премиерот по увидот во изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани (Коридор 8)”, изјави Мицковски.



























