Македонската фармацевтска компанија Алкалоид отвори уште еден нов извозен пазар за своите производи. Компанијата објави дека познатиот Multi Essence Magnesium 400+B complex е успешно лансиран на територијата на Монглолија.

“Горди сме што нашата компанија изобилува со широка палета квалитетни производи, кои се добропознати и етаблирани на македонскиот пазар и во околните земји.
Кога станува збор за квалитетните производи, многу е полеснo да ги пробиваат нашите граници и да освојуваат нови пазари, па дури и нови континенти. Квалитетот се препознава, се вреднува и се памети!”, велат од Алкалоид.

Една од стратешките определби на Алкалоид, која годинава слави 85 години јубилеј, е да го базира својот развој на извозот преку отварање на нови извозни пазари и зајакнување на пазарните позиции на постојните пазари.

Компанијата во фавруари годинава отвори нова фирма во Велика Британија, со назив
ALKALOID UK LIMITED, која е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје со цел подобра позициониранот на британскиот пазар по излезгувањето на земјата од Европската унија.

Алкалоид минатата 2020 година ја заврши со продажби од 197 милиони евра , од кои над 65% се остваруваат од извоз.

Алкалоид е шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа, со 1.860 вработени во базата во Скопје и 570 во подружниците надвор од Македонија; пласмани во 40 земји во светот и добро распространета маркетиншка мрежа од 20 канцеларии распоредени во 14 земји во светот, која покрива пазар од преку 200 милиони жители.