Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,76% во однос на цените од 1 февруари.
Еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поскапат за 1,5 денари за литар, а еуродизел (Д-Е В) и екстра-лесното масло за домаќинство за денар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари за килограм и тој ќе се продава за 32,884 денари за килограм.
Новите максимални цени на нафтените деривати ќе бидат: моторен бензин еуросупер БС-95 ќе чини 62,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 64,50 денари за литар, еуродизел (Д-Е V) за 53 денари, а цената на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе изнесува 42 денари за литар.
Од РКЕ соопштуваат дека во изминатите 7 денови референтните цени на светските берзи во просек се зголемени и тоа: бензинот за 5,317%, дизелот за 5,308%, екстра-лесното масло за 5,596 % и мазутот за 5,613%.
Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,666 отсто.