Германска Stada гради фабрика за лекови вредна над 50 милиони евра во Романија

90

Германската фармацевстка компанија Stada ja започна изградбата на фабрика за лекови во градот Турда, во Романија, инвестиција најавена на почетокот на оваа година.

Вредноста на инвестицијата е над 50 милиони евра и е прв ваков проект во последните 30 години започнат од меѓународен играч во Романија. Дел од инвестицијата е поддржана од романските власти преку државна помош во висина од 21 милион евра.
Групацијата Stada има 20 фабрики во светот.

Новата фабрика за производство и пакување првично ќе вклучува девет најсовремени технолошки линии за производи со цврста доза (капсули и таблети), со капацитет од 120 милиони кутии фармацевтски производ годишно. Вкупната површина на единицата е приближно 30.000 квадратни метри и овозможува брзо проширување на производните линии до бројка од 12.

Целата површина на откупеното земјиште е 100.000 метри квадратни и овозможува натамошен развој на производствените капацитети, преку изградба на нови згради, во зависност од побарувачката на пазарот и во однос на потребите за континуиран развој на компанијата.

Stada ја развива првата фабрика за лекови изградена од нула во Романија од меѓународна компанија, со што поставува камен-темелник во трансформацијата на денешна Романија во важен играч во европскиот фармацевтски сектор, во исто време обезбедувајќи го синџирот на снабдување во овој стратешка област. Ја избравме Турда затоа што е град кој се наоѓа во срцето на клучниот регион за Stada Group. Тој е блиску до нашиот магацин во Темишвар, блиску до производните единици во Србија, како и нашата лабораторија за тестирање која служи за целата група Stada на глобално ниво“, истакнува Михаи Фугаревичи, генерален директор на Стада Романија.