Покрај посеветноста на развојот и добрите финансиски финансиски резултати, Алкалоид  важи за компанија во која многумина би сакале да работат. Многубројни анкети направени досега ја издвоија домашната фармацевтска компанија Алкалоид како една од најпосакуваните работодавачи во Македонија. И тоа не е случајно, туку е резултат на вистинската посветеност на компанијата кон развојот и напредувањето на вработените, но и постојаното подобрување на работното опкружување во кое вработените ќе се чувствуваат ценето и вреднувано.

Алкалоид има 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Од Алкалоид потенцираат дека како компанија негуваат стимулирачка работна средина, се грижат за благосостојбата на работниците и нивниот професионален развој, а дополнително постојат и бројни бенефиции кои работењето во оваа компанија го прават навистина привлечно.

Во продолжение прочитајте за бенефициите кои ги уживаат вработените во најуспешната домашна компанија Алкалоид:

  • Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените
  • Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија
  • Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата
  • Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен
  • Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие   
  • Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување
  • Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти
  • Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација
  • Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените
  • Редовни тим билдинзи на сите организациски единици
  • Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија
  • Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје
  • Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените
  • Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина
  • Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото
  • За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики
  • Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата
  • Новогодишни пакетчиња за децата на вработени;
  • Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини
  • Кафетерија во рамки на компанијата
  • Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди
  • Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории.