Македонските винарница во првите пет месеци годинава продале вино на странските пазари во вредност од близу 24 милиони евра. Тоа е за 10,7% повеќе во споредба со истиот период лани.
Но, деталните податоци покажуваат дека растот на вредноста на извозот на вино се должи во најголем дел на инфлацијата и повисоките цени, бидејќи количинскиот извоз покажува пад од 8,9%. Во првите пет месеци годинава извзени била околу 250 илјади хекто литри.
Најголем извозен пазар за македонското вино годинава била Србија, каде биле извезени македонски вина во вредност од 9 милиони евра.
Втора е Германија со извоз од 3,3 милиони евра. Следат Хрватска со извоз од 2,7 милиони евра, БиХ со 1,85 милиони евра, Австрија со извоз вреден 1,2 милиони евра и Словенија со извоз вреден 1 милион евра.
Македонските вина во периодот од јануари до мај годинава се продавале на 36 пазари, но само на 10 пазари имало извоз поголем од 1 милион евра.
Минатата година од извозот на вино е остварен девизен прилив од 57,5 милиони евра, што е највисока вредност во изминатите 16 години. Но, лани извозот изнесувал 66 милиони килограни или 84 милиони литри (1 килограм = 1,286 литри), што е втора најмалаизвезена количини вино во странство, после 2015 година.