Денеска, во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје, беше одбележан почетокот на иградбата на фабрика на германската компанија BMV grоup, во која ќе се произведуваат литиум јонски батерии кои ќе бидат наменети за извоз.

Инвестицијата вредна 65 милиони евра ќе отвори нови над 700 работни места.

Според генералната директорка на БМЗ Македонија, Јелица Ивановска, комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасува повеќе простор за работа па затоа се очекува фабриката да почне со работа во мај.

„Ние веќе произведуваме. Сега во моментот работиме во „браунфил“ лоциран во поранешните простории на фабриката „Раде Кончар“, односно во постоечки објект што е прилагоден на потребите на бизнисот. Во моментот имаме 110 вработени во сите сектори и работиме со пет функционални валидирани линии. Започнато ни е комерцијалното производство, со тоа што ни треба многу повеќе простор. Таму каде сме сега не е доволен просторот. Ова ќе биде нова и модерна фабрика и планирано е да имаме во првата фаза што сега ја градиме, 40 линии, а вкупниот број на вработени треба да стаса меѓу 770 и 1.000 вработени“, нагласи Ивановска и додаде дека досега најмногу извоз има во Германија и Полска.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада ќе продолжат да поддржуваат ваков тип на проекти. 
Во првите години ќе имаме до кај 35, 40 милиони евра максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130 па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија”, изјави Мицковски.

Договорот меѓу германската BMZ и Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) беше потпишан во септември минатата 2023 година година кога беше најавено дека инвестицијата ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект во ТИРЗ Скопје 2, а во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје ќе врши сериско производство на батериски производи. 

БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија во услови на која побарувачката за батерии постојано расте.

БМЗ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Групацијата BMZ Holding GmbH произведува батерии за електрични мопеди, тротинети, но исто така развива литиум-јонски батерии за енергетски, медицински, индустриски и други сектори.
Има седиште во Карлштајн на Мајна, Германија, а производствени капацитети има во Германија, Кина, Полска и САД. Пoседува и претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.