Специјализираните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од Велес, Грин Машинс, се претставија на Саемот за комунална опрема кој се одржа во Приједор, во Босна и Херцеговина.

На саeмот беа изложени модели кои претставуваат софистицирани технолошки решенија за одржување хигиена и кои се користат во над 60 земји во светот.

Станува збор за  моделите GM 400 ZE, GM 500ZE, GM 636 stage V и GM 955, од кои секој на свој начин е единствен по своите перформанси. Направивме и демонстрација на возилата за кои имаше огромен интерес. Градот Приједор го купи моделот 636 stage V и се вклучи во огромната листа на чисти градови  благодарение на возилата од брендот Грин Машинс“, нагласи Владимир Локвенец, комерцијалниот директор на Грин Машинс.

Со особен интерес е следена демонстрацијата на најпродаваниот модел GM 500 ZE, кој сега е со поголема кабина и напреден систем за управување и каде сите копчиња се заменети со панел на допир.
Беше  изложен и моделот GM 400 ZE, кој благодарение на  системот  за рециркулација на воздухот, има зголемен капацитет за филтрирање на прав,а  количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри.

БРАКО/Грин Машинс беа дел од вкупно дваесетина изложувачи на саемот, а Грин Машинс беше и генерален спонзор на манифестацијата.

Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, упати и официјална благодарница до Грин Машинс за учеството во организацијата и реализацијата на настанот.