Republican presidential nominee former President Donald Trump speaks at an election night watch party at the Palm Beach Convention Center, Wednesday, Nov. 6, 2024, in West Palm Beach, Fla. (AP Photo/Evan Vucci)

Кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на изборите оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.
„Благодарам на американскиот народ што ми ја даде честа да бидам 47-ми претседател на оваа земја. Ќе се борам за секој граѓанин, семејство и иднина, со секој здив на моето тело, нема да мирувам додека не им испорачаме силна Америка на нашите деца кои тоа го заслужуваат“, рече Трамп за време на обраќањето пред своите поддржувачи во предизборниот штаб во Вест Палм Бич, Флорида.

Тој изјави дека САД „денес со причина испишаа историја“.

Трамп му се заблагодари на своето семејство за поддршката за време на кампањата.

„Благодарност на мојата убава (сопруга) Меланија, која ја има најпродаваната книга во земјата. Му благодарам на целото мое семејство“, рече Трамп.

Тој им се заблагодари на гласачите што го добија таканаречениот народски глас, односно најголем број директни гласови.

„Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, многу и треба помош“, додаде Трамп и оцени дека САД влегуваат во своето „златно доба“.

Републиканците ја освоија контролата врз американскиот Сенат со победи во Западна Вирџинија и Охајо, обезбедувајќи партијата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да контролира најмалку еден дом на Конгресот следната година.
Тие, исто така, постигнаа придобивки во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување на имиграцијата.

Сепак, малку е веројатно дека ќе обезбедат мнозинство од 60 гласови потребни за усвојување на повеќето закони во тој дом на Конгресот.

Републиканците, исто така, постигнаа придобивки во нивната битка да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом и евентуално да го зголемат своето мнозинство од 220-212, но конечниот исход најверојатно нема да биде познат со денови.