Официјални лица од Европската централна банка (ЕЦБ) изготвуваат план за справување со потенцијалните стотици милијарди евра неплатени заеми заради пандемијата на коронавирус, кој вклучува и формирање „лоша банка“, објавува Ројтерс.
Планот, кој се подготвува додека Европа собира 1.000 милијарди евра за зајакнување на економијата, има за цел да ги заштити комерцијалните банки од какви и да било падови во кризата во случај зголемувањето на невработеноста да ги намали приходите потребни за отплата на заемите.
Концептот на „лоша банка“ подразбира основање на банки формирани да купуваат лоши заеми и други неликвидни влогови во други финансиски институции.
ЕЦБ засега се упте не го коментира јавно предлогот за формирање на лоша банка.
Износот на долгот во еврозоната, за кој се смета дека е малку веројатно дека некогаш ќе биде отплатен, веќе изнесува повеќе од 500 милијарди евра, вклучувајќи долгови по кредитни картички, автомобилски заеми и хипотеки.
Тој долг се очекува да порасне на 1.000 милијарди евра заради кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19, што ќе ги оптерети веќе погодените банки и ќе го отежне новото кредитирање.
Идејата за „лоша банка“ во еврозоната се дискутираше ипред две години, но надлежните тогаш сеоткажаа од таа диеја.
Но, ЕЦБ, под водство на претседателката Кристина Лагард, во последните неколку недели се консултирала со банките и европските претставници за концептот на лоша банка.
Како најмоќна институција на еврозоната, поддршката на ЕЦБ за планот е клучна, но сигурно тоа ќе бара и одобрување на Германија, најголемата економија на блокот.
Берлин долго време се спротивставуваше на идеите кои прифаќаат заедничка одговорност за долговите во другите земји, иако неодамна неочекувано изрази различно мислење и се согласи да стане сојузник со другите земји од ЕУ на фондот за справување со ефектите од коронавирусот.
Еден од предлозите што се разгледува би го вклучил Европскиот механизам за стабилност, европска институција која може да обезбеди финансиска помош на земјите од еврозоната или заемодавателите, што би претставувала гарант за лошите банки, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.Е