Кондиторската компанија Европа во првите три месеци работела со вкупи приходи од продажба од 2,6 милиони евра, што е зголемување за 10% во споредба со истиот период лани, информираат од компанијата во објавениот финансиски извештај на Македонската берза.
И додека приходите од продажби на домашниот пазар бележат намалување за 3%, податоците покажуваат дека Европа имала одличен квартал што се однесува до извозот и продажbите на странски пазари.
Приходите од продажби на стрanски пазари во првите три месеци годинава се зголемени за 20% и изнесуваат 1,6 милиони евра. Во структурата на вкупните приходи од продажби во првиот квартал, извозот учествувал со 59%.
Од продажба на домашен пазар, Европа во првите тримесеци остварила приходи од нешто над еден милион евра.
Оперативните расходи на компанијата во првиот квартал изнесувале 2,8 милиони евра и се поголеми за 14% во споредба со истиот период лани, пред се заради повисоките трошоци за суровини и повисоката набавна вредност на производите.
Но, и покрај зголемените оперативни трошоци, заради намалувањето на финансиските расходи за 35,4%, Европа во првите три месеци работела со нето добивка од 153 илајди евра, за 4,5% поголема од истиот период лани.
Од компанијата информираат дека во првиот квартал годинава се соочиле со проблемi во справувањето со настанатата глобална ситуација со пандемија COVID 19, заради што може да биде доведено во прашање остварувањето на годинешните таргети.
“Особено бевме затекнати со можноста за организирање на производниот процес заради намалениот број на вработени кои беа ослободени со уредба од Владата (родители на деца до 10 години, хронично болни и трудници). Дополнителен проблем е полицискиот час воведен со вонредната состојба во државата, редуцираниот јавен превоз што предизвика скратени работни часови за производна смена. Мерките на Владата и вонредната состојба влијае на намалување на капацитетот на производство, имајќи во предвид дека бројот на оправдано отсутни достигна дури 18 % од вкупниот број директно вработени во производниот процес”, велат од “Европа”.
Од компанијата потенцираат дела заради глобалниот проблем со пандемијата бележат и намалени нарачки од одделни купувачи, што директно влијае на намалување на приходите и неможност за реализација на планираните таргети.
“Финансиската анализа од работењето на АД ЕВРОПА СКОПЈЕ за време на пандемија во првиот квартал од 2020, покажува дека најголемо негативно влијание има кај бруто платите и кај трошоците за хигиенско техничка заштита. Овие потенцијални ефекти од моменталната ситуација очекуваме да бидат уште поголеми во идниот период и истите ќе генерираат негативен ефект врз финасискиот резултат, бидејќи со намален капацитет и со намaлен број на нарачки од редовните купувачи, ќе се остварат помали оперативни приходи , а наспроти нив, оперативните расходи се очекува да бидат исти во континуитет”, проценува раководството на компанијата.