Пандемијата на Ковид 19 ја направи Кина повторно најголем трговски партнер на Соединетите Aмерикански Aржави (САД).
Трговската размена на САД со Мексико и Канада се намали изминатата година, со што Кина, која најбрзо го стави под контрола коронавирусот, се искачи како најголем трговски партнер.

Во екот на трговската војна, трговската размена помеѓу САД и Кина се намали и Кина стана од прв, трет по големина трговски партнер на маериканската економија.
Според статистичките податоци на САД, трговската размена со САД се намали од 660 милијарди долари во 2018 година на 560 милијарди долари во 2019 година. Овој износ се задржа речиси стабилен во 2020 година, додека трговијата со Мексико и Канада значително се намалија за време на пандемијата.

Извозот на САД во Кина изнесувал приближно 125 милијарди долари во 2020 година, за разлика од околу 87 милијарди долари во 2019 година. Сепак, поголем удел има увозот. Во 2020 година, од Кина во САД влегле стоки во вредност од 435 милијарди долари, во споредба со 452 милијарди долари во 2019 година.

Неодамна и европското статистичко тело Еуростат објави дека Кина минатата година стана најголем трговски партнер на Европската Унија, оставајќи ги САД на второто место.

Извор: Statista