Македонските кондитори лани извезле чоколади за само 13,6 милиони евра

Вкупните извозни продажби на чоколадо во светот достигнаа 29,2 милијарди долари, што е намалување за 0,4% во споредба со претходната 2018 година. Во периодот од 2015 до 2019 година извозот на чоколадо во светот е зголемен за 13,9%.

Европските земји се најголеми извозници на чоколада во светот, на кои во 2019 година отпаѓа 74,3% од вкупниот извоз во вредност од 21,7 милијарди долари.
На производителите на чоколадо од Северна Америка лани отпаѓал 13,4% од светскиот извоз, а по нив следи Азија со учество од 8,9%.

Гледано по земји, Германија била најголем извозник на чоколада во светот во 2019 година со извоз вреден 4,9 милијарди долари или 16,9% од вкупниот светски извоз.

Втор најголем извозник на чоколадо со извоз вреден 3,2 милијарди долари е Белгија. Следат Италија со извоз од 2,1 милијарда долари, Холандија со извоз вреден 2 милијарди долари и Полска со извоз од 1,8 милијарди долари.

Најголем извозник на чоколада од регионот е Хрватска која лани имала извоз од 195 милиони долари, а втора е Бугарија со извоз од 190 милиони долари, кои се на 26 и 27 место на листата најголеми извозници на чоколадо во светот според Worldtopexports.

Извозот на чоколада од Србија лани изнесува 69 милиони долари, додека извозот на чоколада од Словенија лани изнесувал 36 милиони долари.

Македонија со извоз на чоколади од 13,6 милиони долари, кој лани бележи раст од 4,9%. Иако кондиторската индустрија е една од најголемите извозни индустрии, колку сме мали на извозната карта на светот, доволно говори споредбата со Хрватска, чиј извоз лани бил поголем дури за 15 пати во споредба со извозот на македонските кондиторски компании.

Зад нас е БиХ од каде лани е остварен извоз на чоколадо во вредност од 10,8 милиони долари и Црна Гора со извоз вреден 1,4 милиони долари.