Индустријата за автомобилски делови е многу значајна индустрија за македонската економија, како во поглед на извозот, така и во поглед на бројот на работни места кој ги обезбедува. Истовремено, оваа индустрија е една од најпогодените од пандемијата со Ковид  19, но и со постпандемискиот недостиг на чипови, кој предизвикува големо намалување на производството и продажбите на автомобили низ целиот свет.

Најновото рангирањето на најголемите 100 македонски извозници објавено во октомври 2021 година во рамки специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ има 17 компании кои лани имале вкупен извоз од 2,62 милијарди евра. Тоа е дури 63% од вкупниот извоз кои лани го направиле најголемите 100 македонски извозни компании или над 45% од вкупниот извоз на државата во изминатата 2020 година.
Ова, според експертите е преголема и опасна концентрација, која е аларм дека на Македонија и е итно потребна диверзификација на извозот. Вкупниот број, пак, на вработени лица во овој сектор е над 20.000 лица.

Aвтомобилската индустрија се соочува со многу големи предизвици почнувајќи од глобалната криза со недостиг од чипови, енергетската криза, поскапување на речиси сите суровини, недостиг од работка сила, па заради тоа многу од компаниите кои работат во земјава се соочуваат со пад на производството и приходите. Заради тоа компаниите од индустријата за автомобилски делови бараат поддршка од Владата со цел полесно да ги надминат последиците и да ги зачуваат работните места во периодот на намалени приходи.

Во прилог се 15-те најголеми компании од индустријата за автомобилски делови во Македонија, кои во 2020 година оствариле вкупни приходи од околу 2,7 милијарди евра, што е 25% од македонскиот бруто домашен производ (БДП), односно вредноста на сите производи и услуги произведени од страна на македонската економија.

1.ЏОНСОН МЕТИ, Скопје

Приходи: 1.747.466.670 евра (-8%)
Број на вработени: 1.074 (3%)

Џонсон Мети веќе неколку години е најголема компанија во земјава, а истовремено и недостижен најголем извозник. Џонсон Мети во 2020 година остварил приходи од 1,75 милијарди евра, кои во пандемиската 2020 година се намалиле за 8% во споредба со претходната 2019 година.
Најголемиот извоз на катализатори на Џонсон Мети е наменет за германската автомобилска индустрија, а оваа компанија создава речиси една третина од вкупниот годишен македонски извоз.
Вкупниот број на вработени во Џонсон Мети на крајот на 2020 година изнесувал 1.074 лица. Џонсон Мети првата фабрика ја отвори во 2007 година, а во 2012 година ја отвори својата втора фабрика во зоната Бунарџик.
Британската компанија „Џонсон Мети”е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.
„Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува над 15.000 луѓе.

2.КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ, Битола

Приходи: 187.436.608 евра (-19%)
Број на вработени: 5.545 (-14,1%)

Кромберг и Шуберт и понатаму останува втора најголема фабрика од индустријата за автомобилски делови во Македонија, која во 2020 година работела со вкупни приходи од 187 милиони евра. Приходите на Кромберг и Шуберт во 2020 година бележат пад од 19% со што компанијата е петта најголема компанија во земјава според остварените вкупни приходи.
Истовремено, и покрај намалениот број вработени, германската Кромберг и Шуберт останува најголем работодавач во земјава. Во фабриката која се наоѓа во индустриската зона во Жабени, крај Битола, на крајот на 2020 година биле вработени  лица.
Во фабриката се произведуваат кабли за автомобили од многу познати светски брендови, а најголемиот дел се извезуваат во Германија.
Германската Кромберг и Шуберт е една од водечките светски компании за снабдување со електрични системи, кабли и пластични компоненти за автомобилската индустрија. Има над 50.000 вработени на 40 локации во светот.

3.АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ, Кочани

Приходи: 85.148.300 евра
Број на вработени: 1.782

Амфенол Технолоџи е компанија со американски капитал која во својата фабрика во Кочани произведува кабли за сигурносни перничиња и други делови кои наоѓаат примена во автомобилската индустрија.
Вкупните приходи на компанијата во 2019 година изнесувале надминаа 85 милиони евра, кои бележат раст од 21,73%. Според остварените приходи во 2019 година, Амфенол Технолоџи е 30-та најголема компанија во земјава.
На крајот на 2019 година во Амфенол Технолоџи Македонија работеле 1.782 лица.
Корпорацијата Амфенол произведува електронски делови има повеќе од 74.000 вработени на 60 локации низ целиот свет.

4МАРКАРТ, Велес

Приходи: 81.963.604 евра
Број на вработени: 569

Германската компанија Маркарт ја отвори својата фабрика во земјава во 2015 година, а во 2019 година работела со вкупни приходи од близу 82 милиони евра, кој бележат годишен раст од 10,8%.
На крајот на 2019 година во фабриката во велешко Караслари работеле 569 лица. Според остварените приходи Маркарт е 34 најголема компанија во земјава.
Германската Маркарт произведува автомобилски системи и мехатроника за познати брендови како „Јагуар Ленд Ровер“, „Рено“, „Фиат“, БМВ, „Сканија“ , „Крајслер“ и други. Постои веќе 95 години, а денеска вработува над 10 илјади лица во 20 локации низ светот.

5.ТАБ МАК, Пробиштип

Приходи: 68.598.410 евра
Број на вработени: 461

ТАБ МАК или поранешната Фабрика за акумулатори Злетово е компанија за производство на акумулатори која е лоцирана во Пробиштип.
Вкупните приходи на компанијата во 2019 година изнесувале околу 68,6 милиони евра, кои бекежат годишен раст пд 3,80%.
Според вкупните остварени приходи во 2019 година, ТАБ МАК е 38 најголема компанија во земјава.
На крајот на 2019 година во TAB MAK работеле 461 лиц3.
Корпорацијата Амфенол произведува електронски делови има повеќе од 45.000 вработени во 30 земји низ целиот свет.
Компанијата ТАБ МАК е во сопственост на словенечката компанија TAB.

6.ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС, Кичево

Приходи: 67.213.728 евра
Број на вработени: 1.438

Американската компанија за сигурносни производи за автомобилска индустрија ,,Џојсон Сејфти Системс ” ја отвори својата фабрика во Кичево во 2015 година.
Во 2019 година компанијата остварила вкупни приходи од над 67,2 милиони евра, кои се зголемени за 4,28% во споредба со претходната година.
На крајот на 2019 година имало 1.438 вработени.
Џојсон Сејфти Системс е глобален добавувач на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи. ЏСС е светски лидер во дизајн, развој и производство на механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси.
ЏСС е со седиште  во Мичиген, САД со околу 50.000 луѓе во 25 земји.

7. ДРЕКСЛМАЕР, Кавадарци

Приходи: 66.860.960 евра
Број на вработени: 5.779

Германската Дрекслаер во својата фабрика во Кавадарци произведува кабелски инсталации и сетови наменети главно за потребите на германските автомобилски компании.
Компанијата во 2019 годуина работела со приходи од 66,8 милиони евра, кој се намалени за 1,87% во споредба со претходната година.
Дрекслмаер е втор најголем работодавач во земјава со над 5.799 вработени.
DRÄXLMAIER Group е интернационален добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики низ целиот свет и 75.000 вработени.

8. ГЕНТЕРМ, Прилеп

Приходи: 56.961.762 евра
Број на вработени: 1.944

Американската фабрика Гентерм ја отвори својата фабрика во прилепската зона Алинци во 2016 година. Во неа се произведуваат делови за сите реномирани производители на автомобили кои се наменети за европскиот пазар.
Во 2019 година компанијата остварила вкупни приходи од скоро 57 милиони евра, кои се зголемиле за 1,39% во споредба со претходната 2018 година. Според вкупните приходи во 2019 година, Гентерм е 51 најголема компанија во земјава.
На крајот на 2019 година во Гентерм имало 1.944 вработени, според што е четврти најголем работодавач во земјава.
Американската корпорација „Гентерм” од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење  на седишта и управувачи, електроника и кабли. Производството на „Гентерм” се инсталира од страна на голем број автомобилски брендови како што се „Форд” , „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа”. Компанијата има производство во 13 земји и повеќе од 11.000 вработени низ целиот свет .

9.КОРПОРАЦИЈА ЛЕАР, Тетово

Приходи: 46.698.578 евра
Број на вработени: 1.113

Американската компанија ,,Леар Корпорејшн“ првично започна да работи во земјава како браунфилд инвестиција, а потоа изгради фабрика во зоната во Тетово на површина од 12.000 м2.
Во 2019 година компанијата работела со приходи од близу 47 милиони евра, кои се намалени за 9,13% во споредба со 2018 година. Според приходите од 2019 година, Леар била 63 најголема компанија во земјата.
На крајот на 2019 година во фабриката на Леар во Тетово работеле 1.113 лица.
Леар Корпорејшн  е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи и ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните производи се застапени во повеќе од 350 видови на возила. Вработува над 160 илајди вработени во над 260 фабрики во 39 земји низ светот.

10. КОСТАЛ, Охрид

Приходи: 37.837.676 евра
Број на вработени: 408

Германската компанија КОСТАЛ ја отвори својата фабрика во Македонија во 2016 година, во просториите на поранешен ЕМО, во која се произведуваат електронски и мехатронски продукти – електронски автоматски менувачи, кровни модули, прекинувачи и управувачки модули за автомобилските гиганти како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Аudi и Volkswagen. КОСТАЛ Македонија ја заврши 2019 година со вкупни приходи од 37,8 милиони евра, кои бележат годишен раст од дури 61,8% во споредба со 2018 година, како резултат на зголемените производствени капацитети во кои компанијата заклучно со октомври годинава инвестираше над 50 милиони евра во најсофистицирана технологија, во постројки и во опремување на зградите.
Очекувањата се годинава Костал да ја заврши годинава со приходи од над 50 милиони евра и покрај кризата.
„КОСТАЛ“ е светски позната компанија за производство на електроника, мехатроника и софистицирани делови за автомобилската индустрија. Компанијата е присутна на 5 континенти во 21 држава со преку 21.000 вработени и остварува годишен обрт од над 3 милијарди долари.

11. AДИЕНТ Сеатинг, Штип

Приходи: 26.304.446 евра
Број на вработени: 2.170

Американската компанија Адиент Сеатинг (поранешна Џонсон Контролс“) ја отвори својата фабрика во зоната во Штип во 2011 година, а во 2017 година ја отвори и втората фабрика во зоната во Струмица во кои се произведуваат навлаки за автомобилски седишта.
Компанијата во 2019 година работела со приходи од 26,3 милиони евра, кои се намалиле за 12,15% во споредба со 2018 година. Според вкупните приходи остварени во 2019 година, Адиент е 110 најголема компанија во Македонија.
На крајот на 2019 година во Адиент работеле 2.170 лица.
Adient Seating e глобален лидер во производство на автомобилски седишта, инструмент табли, и внатрешни ентериери. Со 86.000 работници во 32 земји во светот Aдиент произведува и дистрибуира седишта за автомобили за сите видови возила.

12. АРЦ АУТОМОТИВ, Скопје

Приходи: 25.990.428 евра
Број на вработени: 342

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ ја отвори својата фабрика во земјава во 2015 година во зоната ТИРЗ 1, во која се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња, кои се наменети за извоз, пред се на европските пазари.
Во 2018 година компанијата работела со приходи од 51,4 милиони евра и профит од 2,2 милиони евра, а на крајот на годината во фабриката на Леар во Тетово работеле 1.325 лица.
Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 70 годишна историја.

13. ЛТХ ЛЕАРНИЦА, Охрид

Приходи: 23.995.576 евра
Број на вработени: 505

Компанијата ЛТХ Леарница од Охрид е основана во 1961 година и била дел од југословенската авто-индустрија. Вo 2005 година компанијата стана дел од словенечката групација LTH Castings.
ЛТХ Леарница произведува алуминиумски компоненти за светската автомобилска индустрија.
Компанијата во 2019 година работела со приходи од околу 24 милиони евра, кои бележат годишен пад од 13,59%. На крајот на 2019 година во ЛТХ Леарница работеле 505 лица.

14. АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ, Струмица

Приходи: 16.782.659 евра
Број на вработени: 1.603

Американската компанија Американската компанија Адиент ја отвори својата втора фабрика Адиенат Аутомотив во земјава во 2017 година во зоната ТСтрумица, во која се навлаки за автомобилски седишта.
Во 2018 година компанијата работела со приходи од 51,4 милиони евра и профит од 2,2 милиони евра, а на крајот на годината во фабриката на Леар во Тетово работеле 1.325 лица.
Со 75.000 работници во 230 фабрики во 32 земји во светот ,,Адиент’’ произведува и дистрибуира седишта за автомобили за сите видови возила.

15. АПТИВ, Скопје

Приходи: 14.269.374 евра
Број на вработени: 502

Американската компанија Aptiv, дел од компанијата Delphi, ја отвори својата фабрика во Македонија во 2015 година, во зоната ТИРЗ 1 Скопје, за производство на  најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа.

Компанијата Aptiv во 2019 година работела со вкупни приходи од 14,3 милиони евра. На крајот на 2019 година во компанијата работеле 502 лица.

Американската компанија Aptiv е присутна во 44 земји од целиот свет и има над 160 илјади вработени низ целиот свет со 126 производствени погони.