Побарувачката за тешки комерцијални возила од 16 тони и повеќе (HCV) во Европската унија паѓа девет месеци по ред, а пандемијата Ковид-19 во март предизвика дополнителен крах.
Во оваа класа на регистрација, во март 2020 година, има пад на бројките сите европски пазари, особено во Франција – каде побарувачката е преполовена, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Продажбата на комерцијални возила од сите класи на регистрација во 2020 година не започна добро ни пред кризата, а во текот на март и април се очекува да бидат забележани најлоши резултати.
Во текот на март, побарувачката за тешки камиони значително опадна (-38%), што е деветти месец по ред на паѓање на побарувачката.
Како резултат на пандемијата „ковид-19“, резултатите паднаа на сите европски пазари, особено во Франција, каде побарувачката за тешки камиони беше повеќе од преполовена (-50,2%).
Во текот на првото тримесечије од годинава, продажбата на тешки камиони опадна на сите поголеми пазари на ЕУ, при што најголем пад има Франција (-27,7%) и Германија (-25,9%).
Сето ова доведе до тоа дека досега во 2020 година се регистрирани само 54.168 тешки камиони, што е намалување за 26,9% во однос на минатата година.
Од сите класи, регистрациите на лесни трговски возила во март забележаа најголем пад од дури 49,8% во однос на претходната година. Или од 165.455 регистрирани комбиња во март 2019 година, на 83.114 регистрирани во март 2020 година.
Со исклучок на Унгарија, која бележи скромен пад од другите земји, сите пазари во земјите членки на ЕУ забележаа двоцифрени падови минатиот месец, вклучително и поголемите пазари.
Во Италија, регистрациите се намалија за 71,2%, а во Шпанија за 67,2%.
Целосниот извештај на Европската асоцијација на производители на автомобили може да го најдете ТУКА.