Во периодот од јануари до септември годинава од Македонија биле извезени јаболка во вредност од 14,4 милиони евра, што е за 3,7 милиони евра повеќе или раст од 34% во споредба со истиот период лани кога извозот на јаболка изнесувал 10,6 милиони евра, покажуваат податоците од државниот завод за статистика.
Најголем дел или две третини од јаболката годинава биле продадени во Руската фередација. Втор најголем извозен пазар за македонските јаболка годинава била Бугарија, каде вопрвите девет месецигодинава биле продадени јаболка вреди 1,63 милиони евра. Во Романија биле извезени јаболки во вредност од 1,6 милиони евра.
Следен пазар бил Косово со извезени јаболка во вредност од 823 илјади евра и БиХ со извоз вреден околу 390 илјади евра.
Јаболките во првите девет месеци биле наизвезувано овошје од Македонија со учество од 35,8% во вкупниот извоз на овошје во овој период.
Според статистичките податоци, вкупниот извоз на овошје од Македонија во првите девет месеци изнезувал 40,4 милиони евра и е поголем за 2,7 милиони евра или 7,4% во споредба со истиот период лани.