Недостаток на чипови и полупроводници може да влијае на глобално производство на 672.000 единици лесни возила во првиот квартал, соопшти аналитичката компанија IHS Markit, предупредувајќи дека нарушувањето може да се прошири и во третиот квартал.
Ford Motor Co, Toyota Motor Corp, Fiat Chrysler Automobiles и Nissan Motor Co објавија дека го намалуваат производството заради недостигот на чипови, додека Volkswagen информираше дека ограничувањата во снабдувањето ќе влијаат на производството во некои од нејзините погони во февруари.
„Бидејќи причината за овие ограничувања во снабдувањето со чипови е резултат на зголемената побарувачка на производитеите на автомобилски делови и ограничената понуда на полупроводници, недостатоците нема да се решат сè додека не се усогласат двете сили“, рече Фил Амсруд, постар главен аналитичар во IHS Markit.
Според IHS, Кина ќе биде најпогодена во првиот квартал со скоро 250.000 единици врз чие производство ќе влијае недостигот со чипови .
AutoForecast Solutions, која ги следи плановите за производство во автомобилската индустријата, предвиде дека недостигот на полупроводници ќе влијание на производството на 964000 возила во 2021 година.
Во меѓувреме, група од 15 американски сенатори во вторникот ја повикаа Белата куќа да работи со Конгресот за решавање на глобалниот недостиг на полупроводници