Индустриското производство падна за 1,2% на годишна основа и во еврозоната и во ЕУ, објави во средата канцеларијата за статистика на блокот, Еуростат.
На месечна основа, производството е зголемено за 0,5 % во еврозоната и 0,4 % во ЕУ, додава Еуростат.
Во еврозоната, производството на енергија падна во јуни за 7,8%, интермедијарни производи за 6,3%, и трајни производи за широка потрошувачка за 5,2% на годишно ниво, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка се зголеми за 0,2% и капитални производи за 4,4 %.
Во ЕУ, производството на енергија падна за 8,9%, интермедијарни производи за 6,6%, и трајни производи за широка потрошувачка за 6,5%, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка порасна за 2,1% и капитални производи за 4,8%.
Од земјите-членки најголем годишен пад имаат Естонија од 12,7%, потоа Бугарија со пад од 9,3% и Белгија со 7,6%.
Најголем пораст има Данска со 12,3%, Ирска со 8,3% и Словачка со 3,6%.