Пиварите и дестилериите низ цела Европа ги користат своите производствени капацитети за да произведуваат средства за дезинфекција на раце за да помогнат во борбата против епидемијата на коронавирусот.

BrewDog, Leith Gin, Verdant Spirits и Pernod Ricard се вклучија во напорите за зголемување на производството на средства за производство на раце кои во многу земји почнаа да недостасуваат како резултат на големото зголемената побарувачка, пренесува CNN.

BrewDog во средата објави дека ќе започне со производство на производи за хигиена на рацете во својата пиварница во Шкотска.

Друга шкотска компанија, Leith Gin, даде изјава во вторникот во која се вели дека го прекинале производството на жестоки пијалоци и произведуваат средства за дезинфекција на база на алкохол и апелираа на донација од мали пластични шишиња кои би се користеле за амбалажа.

Во Франција, компанијата Pernod Ricard изјави дека ќе донира 70.000 литри чист алкохол за производство на средства за чистење и за дезинфекција.

Подружниците на Пернод Рикард во Шведска, Ирска, Шпанија и Соединетите држави, исто така, ќе придонесат за локалните напори за зголемување на производството на средства за дезинфекција на рацете.

Во овие напори се вклучија и дестилеријата Абсолут Вода во Шведска, и американските компании Rabbit Hole, Smooth Amble и TX Whiskey и уште неколку компании во Шпанија и Ирска.

Минатата недела, конгломератот за луксузна роба LVMHF објави дека ќе им помогне на француските здравствени власти со производство на средства за дезинфекција  и чистење.