Извршниот директор на BMW, Оливер Ципсе вели дека Европската унија треба да ги преиспита своите цели за јаглерод диоксид (CO2), бидејќи притисокот врз производителите на автомобили да ги намалат емисиите на јаглерод се заострува следната година, пред целосната забрана за моторите со согорување на фосилни горива во 2035 година.

„Веруваме дека сеопфатен преглед на законодавството за возниот парк во ЕУ е од суштинско значење“, рече Ципсе за време на годишната конференција за резултатите на компанијата.

Ципсе рече дека заострувањето на целите за CO2 следната година, кое бара 25% намалување на емисиите на флотата од новите патнички автомобили продадени во Европа во споредба со бројките од 2021 година, ќе биде тешко за индустријата.
„До крајот на 2025 година светот ќе забележи дека не е така лесно“, рече Ципсе. „Дотогаш притисокот ќе биде значителен за европската автомобилска индустрија.

Групацијата Volkswagen, исто така, ја повика ЕУ да ги ублажи барањата за 2025 година. „Нема смисла индустријата да мора да плаќа пенали кога не се воспоставени рамковните услови за рампата на електрилни возила“, рече извршниот директор на групацијата VW, Оливер Блуме, за време на годишната презентација на резултатите на компанијата минатата недела.

Повикот за ревизија на целите за СО2 го повтори и извршниот директор на Рено, Лука де Мео, во отвореното писмо до законодавците на ЕУ објавено оваа недела.

Следната година, просечните емисии на CO2 од автомобилите ќе подлежат на построги прописи за хармонизирана процедура за тестирање на лесни возила низ целиот свет (WLTP).

Неуспехот да се почитуваат новите правила ќе предизвика казна од 95 евра за секое возило регистрирано во ЕУ, помножена на годишно ниво со секој CO2 g/km над целта.

Извор: Automotivenews