Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, индустриското производство е намалено за 3,9% во еврозоната и за 3,2% во ЕУ, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во еврозоната во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, индустриското производство е намалено за 7,8% кај капиталните добра, за 2,1% за трајни производи за широка потрошувачка, 1,5% кај интермедијарните производи. Зголемување има за 2,6% кај енергијата и за 0,1% кај нетрајните производи за широка потрошувачка.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголеми годишни намалувања се забележани во Ирска (-17,4%), Хрватска (-8,3%) и Латвија (-5,5%). Највисоки зголемувања на индустриското производство се забележани во Грција (+9,5%), Кипар (+8,8%) и Малта (+6,3%).
Индустриското производство во еврозоната е намалено за 0,1% од претходниот месец, додека во ЕУ останува непроменето
Меѓу членките на блокот за кои се достапни податоци, најголеми месечни падови се забележани во Ирска (7,8%), Белгија (6,5%), Хрватска и Португалија (и двете по 3,7%), додека најголеми покачувања се забележани во Романија (4,0%), Финска (3,6%) и Словачка (2,1%).