ПроКредит Банка ја збогати дигиталната понуда за своите клиенти со воведување на можност за ажурирање на личните податоци онлајн, преку електронското банкарство. Со најновата верзија на системот, промената на податоците може да се направи со само неколку кликови, брзо, едноставно и без потреба од посета на филијала.

Со овој чекор, ПроКредит уште еднаш докажа дека е лидер во  дигитализација во македонскиот банкарски сектор. Како прва, целосно дигитална банка, компанијата постојано развива нови и иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите. Електронското банкарство овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.

Погледнете го видеото и дознајте како да ги ажурирате Вашите лични податоци преку електронското банкарство на ПроКредит Банка.