Дури 70% од увезените автомобили во Русија во првата половина годинава биле од Кина. За спопредба, во првата половина од 2021 година, само 10% од увезените автомобили на рускиот пазар биле од кинеско производство.

Овие податоци најдобро отсликуваат дека празнината која ја оставија западните производители на автомобили повлекувајќи се од Русија, Кинезите успеаваат успешно да ја пополнат.

Официјалните податоци покажуваат дека Русија е најголем извозен пазар за производителите на автомобили од Кина. Според кинеските власт, вредноста на извезените автомобили од Кина во Русија во периодот од јануари до октомври годинава изнесува 9,4 милијарди долари.

По избувнувањето на војната во Украина, повеќето западни производители ги прекинаа своите бизниси во Русија. Тоа доведе до колапс и на увозот, но и на домашното производство во фабриките во Русија во сопственост на западните автомобилски компании.

Кинеските брендови го таргетираат сегментот на средно и високо ценовна категорија на автомобили во кои доминираат западните автомобилски компании, додека рускиот производител Автоваз ги произведуваа поевтините автомобили од брендот Лада.