САД ја престигнаа Кина и стана најважен трговски партнер на Германија во првиот квартал од оваа година.
Трговијата на Германија со САД изнесувала вкупно 63 милијарди евра (68 милијарди долари) во периодот од јануари до март годинава, додека трговијата со Кина изнесувала нешто под 60 милијарди евра, покажуваат податоците на Дестатис.
Во 2023 година, Кина била главен трговски партнер на Германија осма година по ред, со обем од 253 милијарди евра.
Германскиот извоз во САД бележи раст поттикнат од растечката американска економија, додека и извозот и увозот од Кина се намалени.
Германија сака да ја намали својата изложеност кон Кина, наведувајќи ги политичките разлики и го обвини Пекинг во својата прва најава за кинеската стратегија минатата година за „нефер практики“.
Германскиот увоз на стоки од Кина падна за речиси 12% на годишно ниво во првиот квартал, додека извозот на стоки во Кина падна за нешто повеќе од 1%.
САД сега сочинуваат околу 10% од германскиот извоз на стоки. Уделот на Кина падна на помалку од 6%.
Извор: Reuters
Фото: Freepik