САД размислуваат да воведат царини за увоз на разлилни стоки од ЕУ и Велика Вританија во врендост од 3,1 милијарда долари, објави Bloomberg. Нивното воведување би било забрзување на трансатлантската трговска војна која се води веќе подолго време.
Потегот произлегува од спорот што САД го имаат со Европската унија во врска со европскиот производител на авиони „Ербас“ и американскиот ривал Боинг .
Светската трговска организација (СТО) претходно утврди дека двете најголеми производители на авиони на светот добиле милијарди долари нелојални субвенции, а минатата година им дозволи на САД да наметнат царини за стока увезена од ЕУ вредна 7,5 милијарди долари, вклучувајќи авиони, вина и сирење како одговор на субвенциите на „Ербас“ кои се сметаат за нелегални.
Одлуката на САД се очекува официјално да биде објавена во петок.
СТО исто така размислува да им даде на ЕУ слични права во однос на поддршката што ја смета за нелегална за Боинг.