Се поголем број компании во Германија размислуваат да ги зголемат цените на своите производи, покажуваат резултатите од мајското истражување за деловната активност на институтот IfO во Минхен.
Поскапувањата се особено актуелни во трговијата на големо, каде што индикаторот скокна од 54 поени во април на 65 поени во мај.
„Многу компании го пренесуваат зголемувањето на трошоците на страната на набавката на крајниот потрошувач. Поскапувањата се делумно резултат на напорите да се надоместат поранешните намалчување на цените за време на корона кризата“, смета Клаус Волрабе, раководител на истражувањето на IfO.
Во преработувачката индустрија, индексот на пораст на цените порасна од 32 на 37 поени, а во градежништвото се искачи од 12 на 32 поени.
Овој индикатор исто така се приближува до максимумот во секторот малопродажба и услуги. Во трговијата на мало, се зголеми од 24 на 36 поени, додека кај давателите на услуги се зголеми од 14 на 20 поени.
Во скоро секоја индустрија, IfO предвидува некаков пораст на цените.
„Остриот пораст на цените на многу суровини на крајот ќе се прелее како бранови во целата економија“, додава Волрабе.