Во 2020 година, која ја одбележа пандемијата на коронавирус, Србија извезла земјоделски и прехранбени производи во вкупна вредност од 4,2 милијарди долари, изјави денеска во Собранието српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ.

Недимовиќ рече дека износот во 2017 година изнесувал 2,8 милијарди долари, а растот на извозот, според него, се случил благодарение на тоа што Србија пронашла нови пазари и затоа што има квалитетна стока што може да ја понуди.

Порано не бевме присутни на кинескиот пазар, а сега, вели Недимовоќ, се извезуваат многу производи од Србија на овој пазар, почнувајќи од говедско, мед, вино…Индија се отворил како нов пазар за извоз на јаболката, а Турција за говедското месо.

Тој потенцира Србија треба да планира влез на пазарите на Блискиот исток, кои имаат високо платежни потршувачи, но и во Виетнам, кој според него би можел да се освои со свинско месо, бидејќи Виетнам е еден од најголемите потрошувачи на свинско месо. Во таа насока, Недимовиќ информираше дека Србија веќе поднела барање за извоз на свинско месо во Виетнам и дека се чека одговор.

Статистиката покажува, вели Недимовиќ, дека вкупната трговија е претежно фокусирана на земјите од ЕУ и ЦЕФТА.

Тој најави дека Владата на Србија ќе донесе посебен декрет поврзан со набавка на нова опрема во прехранбената индустрија, за да може Србија да ги има потребните количини за трговски ланци.

Извор: Танјуг