Најновиот извештај за Глобална анкета за дигитални и одржливи трговски олеснувања за 2021 година, објавен од страна на Обединетите Нации, покажува дека Република Северна Македонија е рангирани најдобро во Јужна и Југоисточна Европа и високо на европско ниво.
Станува збор за најрелавантен извештај што го покажува напредокот на секоја земја. Голем дел од Извештајот се однесува на работата на Царинската управа во земјава.
Оценувани се пет категории: транспаретност, формалности, институционални договори и соработка, бесхартиена трговија и бесхартиена прекугранична трговија.
Анкетата за 2021 година се спроведува врз основа на ажуриран прашалник, развиен од Регионалните комисии на ОН во соработка со UNCTAD, ICC, OECD и многу други институции кои соработуваат. Овогодинешното истражување опфаќа 58 мерки, вклучително и нов сет на мерки за „Олеснување на трговијата во време на криза“ кои се однесуваат на непосредни и долгорочни мерки насочени кон справување со кризни ситуации како пандемијата COVID-19.
Резултатите од Истражувањето им овозможуваат на земјите да го следат напредокот во спроведувањето на мерките за одржливо и дигитално олеснување на трговијата и служат како база на докази за креирање политики помагајќи да се идентификуваат областите каде што се најпотребни напори за да се решат и преостанатите политички, правни, регулаторни и технички пречки. како потреби за градење капацитети и техничка помош.
Притоа, земјите-членки можат да имаат корист од искуствата на другите земји и да учат од добрите практики.
Целиот извештај е на следниов линк https://www.untfsurvey.org/