Наталија Задорожњук, амбасадорката на Украина во Северна Македонија вчера ја посети водечката македонска компанија „Витаминка“ – лидер во производството на прехранбени производи на македонскиот пазар со цел зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, инфрмираат од Амбасадата на Украина во земјава.
Витаминка извезува 50% од сите свои производи во околу 30 земји.
За време на состанокот на Амбасадорката со генералниот директор на компанијата Сашо Наумоски, беа разгледани можните области на заемно корисна соработка и беа презентирани можностите, особено во земјоделскиот и прехранбениот сектор на украинската економија, како и учеството на меѓународните изложби на прехранбени производи што традиционално се одржуваат во Украина.