Работодавачите и самостојните вршители на дејност барањата за поддршка за плата од петтиот пакет мерки ќе може да ги поднесуваат до Управата за јавни приходи откако законите и подзаконските акти ќе бидат објавени и ќе влезат во сила, а крајниот рок е 30 април.
„Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе може да се поднесуваат електронски преку системите на Управата за јавни приходи по објава и влегување во сила на законите и подзаконските акти. Правилниците за формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците и Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства во Службен весник. Барањата до Управата за јавни приходи ќе се поднесуваат најдоцна до 30 април 2021 година“, велат од Управата за јавни приходи.
Законските решенија, кои беа подолого време заглавени во Собранието, пратениците ги изгласа на седница во неделата, а се однесува за исплата на плати за месеците февуари и март 2021 година. Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени 60 илајди работни места.
Според законското решение месечната поддршка за самостојните вршители на дејност е 17.410 денари. Средствата нема да бидат вратени доколку 50 отсто од искористената финансиска поддршка до крајот на 2021 година се искористи за инвестициски вложувања, односно вложувања во материјални средства.
Исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците февруари и март 2021 година, е во износ најмногу до 21.776 денари месечно по работник.
Мерката за поддршка на платата беше дел и од претходните антикризни пакетеи за месеците април, мај и јуни и октомври, ноември и декември 2020 година.
Од Упрвата за јавни приходи наведуваат дека согласно последниот пакет на антикризни мерки финансиската поддршка за исплата на плати ја искористија приближно 13.000 работодавачи за околу 66.000 работници, додека финансиската поддршка за исплата на финансиски средства е исплатена на околу 6.000 самостојни вршители на дејност.