Федералните резерви на САД донесоа одлука за големо намалување на каматните стапки на близу нула и повторно започнаа со купување на обврзници придружувајќи им се на тој начин на другите централни банки во обидот да се обезбеди ликвидност воекономијата.
Во драматичен потег што ја истакнува сериозноста на економската закана во време кога компаниите се затвораат и потенцијално губат милиони работни места, Федералните резерви ги охрабрија банките да ги користат капиталот и ликвидните средства и да ги поддржуваат преку заеми компаниите и домаќинствата чии животи се запрени од ширењето на епидемијата од корона вирусот.
Ова е втор пат како ФЕД ја намалува каматната стапка, откако на 3 март каматната стапка беше намалена за половина процентен поен.