Хаосот предизвикан од недостигот на делови се заканува да ја врати автомобилската индустрија неколку децении наназад, барем кога станува збор за бројот на возила што се произведуваат годишно.

Иако некои директори на автомобилски гиганти веруваат дека ќе има подобрувања во оваа област следната година, Volkswagen не дели таков оптимизам.

Според германскиот Manager Magazin, Volkswagen не очекува подобрување на ситуацијата следната 2022 година и се подготвува за можноста сегашниот недостиг на чипови да трае најмалку до почетокот на 2023 година
Volkwagen очекува да произведе уште помалку автомобили во 2022 година отколку оваа година поради тековните проблеми со снабдувањето со полупроводници

Производителот на автомобили, кој ја намали својата прогноза за испораки на возила во 2021 година минатата недела на 9 милиони од 9,3 милиони, се подготвува за можноста сегашниот недостиг на чипови да трае најмалку до почетокот на 2023 година, се вели во извештајот.
Во најлошото сценарио, испораките би можеле да паднат на 8 милиони автомобили следната година – но дури и ако работите одат релативно добро, испораките би можеле да бидат малку под овогодинешните, се вели во извештајот.

Неименувани извори наведуваат дека и во најдобар случај обемот на производство ќе биде помал од 2021. Сличнa е и состојбата и со Audi.

Не очекуваме следната година да се стабилизира состојбата со набавката на микрочипови“, велат од Audi.

Истото е и со Škoda, која целосно го прекина производството во чешката фабрика кај Млада Болеслав. Работниците ќе бидат на одмор од 23 декември до 10 јануари.

Оливер Блум, извршен директор на Porsche, изјави дека оваа марка многу добро се справила со недостатокот на компоненти оваа година, пред се поради преференциите на групацијата да се фокусира на возилата кои носат најголем профит. Сепак, тој е и песимист.

„Секој што мисли дека овој проблем ќе исчезне следната година е во голема грешка“, изјави неодамна шефот на Porsche, пренесува AutoRepublika.